Белингам со непромислен потег кој ги згрози фановите (Видео)

Џуд Белингам е херојот на Англија откако неговиот гол во 95 минута донесе 1:1 против Словачка и ја спаси репрезентацијата од елиминација. Погодокот на Белингам беше фантастичен со „ножички“, но потоа англискиот репрезентативец малку повеќе се занесе во прославата.

По прославата со соиграчите, Белингам се сврте кон клупата на Словачка и два пати го покажа меѓуножјето. Не се знае дали некој го провоцирал херојот на Англија, но секако тоа е непримерен потег кој не смее да го први било кој играч на теренот, а не светска ѕвезда како Белингам кој е идол на многу деца.

- Оглас -

Најнови вести