Белингам: Треба да сме среќни што примивме само три гола

Актуелниот европски првак Реал Мадрид претрпе тежок удар во обидот да го одбрани тронот во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб загуби на гостувањето во Лондон со 3:0 во првиот меч од четвртфиналето. По првото полувреме немаше погодоци, но во вториот дел домашните Топчии едноставно беа незадржливи.

Со двата гола од слободен удар на Деклан Рајс и со погодокот на Микел Мерино, Реал стигна до убедлива победа. Англискиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Џуд Белингам, признава дека Арсенал бил подобар тим.

„Имавме среќа што примивме само три гола“, коменитраше Белингам, но потоа додаде дека Реал Мадрид никогаш не се предава. „Сепак, ако има некој тим кој може да се врати по еден ваков пораз, тоа е Реал Мадрид. Сега ни е потребно да имаме совршена вечер на реваншот во Мадрид“, коментираше Белингам по убедливиот пораз на Реал во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести