Белингам за Трент: „Добивме фантастичен фудбалер, но и прекрасна личност“

Непосредно пред почетокот на Светското клупско првенство, Реал Мадрид се засили со Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, за кого платија дури 10 милиони евра за да го имаат на првенството во САД, иако неговиот договор со Црвените истекуваше на крајот од јуни.

Трент и Белингам одлично се познаваат од репрезентацијата на Англија, а офанзивецот има само пофални зборови за новиот клупски колега.

„Тој е навистина добар и момците одлично го прифатија бидејќи не само што е фантастичен играч, туку е и прекрасна личност. Сега зборува малку шпански, па мислам дека тоа остави впечаток кај сите во тимот. Сè е во ред, тој едноставно се забавува. Притисокот ќе биде огромен, но му кажав дека е тука со причина и ќе направи многу добри работи за клубот. Тој веќе верува во тоа, уверен е. Одлично е што е со нас“, вели Белингам.

- Оглас -

Најнови вести