Белингам збесна и го шутна ВАР-системот, дали ќе биде казнет? (Видео)

Реал Мадрид доживеа шок на „Сантијаго Бернабеу“ откако Кралскиот тим загуби од Валенсија со 1-2 во натпревар од 30-тото коло во Ла Лига. Иако се очекуваше лесна победа против тимот кој се бори за опстанок, Кралевите останаа без бодови, што ги оддалечи уште повеќе од лидерот Барселона во трката за титулата.

Но, фокусот на јавноста повеќе е насочен кон однесувањето на Џуд Белингам по натпреварот отколку кон резултатот. Фрустриран од поразот, англискиот репрезентативец ја истури својата лутина врз ВАР-системот, удирајќи го со нога додека заминуваше кон соблекувалната.

Овој момент, кој бргу стана вирален на социјалните мрежи, би можело да му донесе сериозни последици. Според правилникот на Ла Лига, секој чин на агресија кон инфраструктурата на лигата, како што е ВАР-системот, може да резултира со дисциплинска казна.


Ако се процени дека Белингам намерно ја оштетил опремата, го чека суспензија од една до три средби.

Останува да се види дали Дисциплинската комисија ќе покрене постапка и каква ќе биде конечната санкција за еден од клучните фудбалери на Реал оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести