11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Белодедиќ е во Скопје и порача: Романија е подобра и ќе победи

Единствениот фудбалер во историјата кој има две титули во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони) со клубови од источна Европа, српскиот Романец Миодраг Белодедиќ, дојде во Скопје, и во едно интервју изјави дека фудбалската репрезентација на Романија и поквалитетна од Македонија, но гостите ќе треба да бидат фокусирани во сите 90 минути.

Некогашниот соиграч на Дарко Панчев и Илија Најдоски со кои ја покори Европа во 1991 година, верува дека Романците ќе слават вечерва.

„Пристапот мора да биде како на секој важен меч, ова е средба на која мора да се освојат бодовите. Македонија ја победи Германија, и нас ни направи проблеми, но успеавме да ги победиме. Мечот мора да се сфати сериозно и да се добие. Верувам дека напаѓачите ќе постигнат голови и дека Романија ќе победи. Поквалутетни сме, но мора да се биде 100 проценти фокусиран во сите 90 минути, и да се биде побрз и попаметен од противникот“ – рече популарниот Миле за телевизијата на романската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести