Исланд ја декласира Русија со 11 гола разлика и со победата од 34:23 го визираше печатот на пласман во втората фаза по групи на Европското ракометно првенство.
Во Малме Исланѓаните беа убедливи и лесно ја елиминираа Русија од ЕП. За нив ова е втора победа на шампионатот, во вториот меч, па сега им останува да се обидат да направат хет-трик со триумф против Унгарија, со што би биле први во групата Е и би пренеле два бода во следната фаза.
Петерсон, Гудјонсон и Елисон со по шест гола беа најефикасни во таборот на Исланд, а еднаков број голови постигна и Калараш за Русија.
Убедлив настап имаше и Белорусија, селекција која во директниот дуел за второто место во групата А ја декласира Црна Гора со 36:27 и оди понатаму.
Највозбудливо беше во Трондхајм, каде што Летонија беше на прагот на подвиг, но не успеа да ги изненади Германците. Кристопанс и соиграчите губеа со 11:16 по првото полувреме, а во финишот на мечот се бореа за бод, но сепак немаа сили за комплетен подвиг и загубија со 27:28.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1216791573175758849?s=20
Германија е речиси сигурен патник во следната фаза, освен ако Холандија не ја победи Шпанија со висока разлика во меч што ќе се игра вечерва од 20.30 часот.