Белорусија со реми против Естонците се пријави за плејофот во Лигата на Нации

Белорусите потфрлија и вечерва со реми без голови против Естонија и дефинитивно ги загубија сите шанси преку квалификациите да патуваат на ЕП 2020 година.

Имаат само 4 бода по шест одиграни натпревари во Ц групата и веќе немаат ниту минимални шанси за двете први позиции кои гарантираат настап на континенталниот шампионат.

Белорусите сепак имаат уште една шанса и ќе играат полуфинале во Д сегментот од Лигата на Нации со Грузија во плејофот за настап на ЕП 2020 година. Можен противник во финалето е Македонија, која според распоредот би требало да игра полуфинале во март 2020 година со Косово во Скопје, но ние се уште имаме шанси за пласман на ЕП 2020 и преку квалификациите.

За десеттина минути почнува мечот против Словенија на арената „Тодор Проески“ и ако победиме ќе имаме шанса да атакуваме на една од двете први позиции во Г групата во последните три кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести