Драма во Бурж Ел Араб – Братско реми на Русија и Белорусија

Русија и Белорусија одиграа драматичен меч во Бурж Ел Араб, а заврши нерешено 32:32 откако и на полувремето беше израмнето 15:15.

Данил Шишкарев, поранешниот ракометар на Вардар, а сега член на Веспрем, промаши зицер од крило во последниот напад на Русија и пропушти шанса да ѝ донесе стартна победа на својата репрезентација.

Ова беше првиот меч од Х групата во која се и Словенија и Јужна Кореја, селекции кои ќе играат од 18 часот денеска.

Косоротов со 7 гола беше најефикасен кај Русите, а Сорока и Киселјев постигнаа по шест погодоци. Одличен беше и Шишкарев, кој погоди петпати.

Кај Белорусите, Ваилупов беше убедливо најефикасен со 10 погодоци, додека втор стрелец беше Кулеш со шест гола.

 

- Оглас -

Најнови вести