Белорусите се загревање за Бундеслигата – Резервните тимови им се мераклии за голови

БАТЕ Борисов резерви – Слутск резерви (Белорусија, 12.30 часот)

БАТЕ Борисов има скромен втор тим, кој е далеку од рангот и реномето на првиот состав, па со шест порази и само една победа и реми се наоѓа на претпоследното место во Лигата за резервни екипи.

БАТЕ има еден од најмладите состави во оваа лига, со тројца првотимци што имаат само по 16 години и голобрадите момчиња тешко се снаоѓаат со малку повозрасните противници.

Слутск има нешто поискусен тим, а интересно е што им брани 30-годишниот Илја Брановец, кој е меѓу највозрасните во Лигата.

Лигата за резерви е предизвик за докажување, а натпреварите се доста ефикасни, па очекуваме ефиксен меч и на „Борисов арената“.

Предлог тип: 4+ (2.15)

 

Енергетик резерви – Брест резерви (Белорусија, 13 часот)

Брест е тимот со најмногу примени голови, точно 19 во белоруската лига за резервни тимови и во просек мрежата им се тресе по 2,5 пати на меч.

Гостите се во серија од пет меча без победа, а во меѓусебните дуели со Енергетик се израмнети со по една победа за двете екипи.

Ниту домаќините не можат да се пофалат со своите таленти, кои забележаа само две победи во досегшаните осум кола, но сепак се подобри од тимот што го има Брест.

Енергетик е фаворит, игра ефикасно во последно време, поблиску е до победа, но ќе типуваме на голови. Очекуваме да се тресат мрежите на двата ривали најмалку со 3 погодоци на мечот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.81)

 

Солигорск резерви – Славија Мозир резерви (Белорусија, 13 часот)

Солигорск нанижа два порази и го расипа одличниот почеток на првенството без пораз на стартните шест меча. Сега има идеална прилика повторно да се врати на победничките патеки против скромниот резервен тим на Славија.

Екипата од Мозир има проблеми со постигнување голови и е најнеефикасниот тим во Лигата со 16 клубови. Постигна само шест во осум кола, но затоа дефанзивата ѝ е слаба со 14 примени погодоци.

Домаќините имаат амбициозен и талентиран тим со неколку јуниорски репрезентативци на Белорусија и се асполутни фаворити за победа.

Очекувам офанзива на Солигорск од самиот почеток и често да се тресе мрежата на 24-годишниот голман на Славија, Јевгењи Иваненко.

Предлог тип: 4+ (1.96)

 

Торпедо Жодино – Городеја (Белорусија, 17 часот)

Двете екипи играат многу црвсто и тешко даваат, но и примаат голови, па Торпедо е екипата со втора најдобра одбрана во досегашните осум кола, а Городеја е најнеефикасниот тим во белоруското првенство.

И меѓусебните мечеви им се во тој тренд, со малку голови, па се очекува нов цврст дуел на две екипи што играат тврдо.

Торпедо прими само четири гола и има само еден пораз, најмалку во Првата лига што брои 16 екипи и е благ фаворит за победа.

Городеја со гол-разлика 5:7 и 11 бода е на 11-тото место, што најавува нов неизвесен меч. Очекуваме да има малку голови и Торпедо да го скрши отпорот на гостите со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (4.50)

 

- Оглас -

Најнови вести