Белоруска атлетичарка бара азил во Јапонија од страв дека ќе заврши во затвор

Белоруската спринтерка Кристина Цимановскаја, бара азил во Јапонија од страв дека ќе биде уапсена од белоруските власти штом се врати дома. Таа исто така бара помош од ИОК да се вклучи во случајот, откако беше присилена да се врати во Минск.

Цимановскаја ја мина ноќта во полициската станица на аеродромот во Токио и според информациите засега е на сигурно, но се плаши од казна поради што ги критикуваше тренерите на белорускиот атлетичарски тим.

„Барам помош од ИОК, врз мене се прави притисок и сакаат присилно да ме вратат дома. Се плашам дека доколку се вратам ќе ме уапсат. Не направив ништо лошо, но не ми беше дозволено да се натпреварувам во трката на 200 метри. Ми кажаа дека има наредба од врвот да ме отстранат од тимот и да ме вратат дома во Минск“, вели атлетичарката обраќајќи се преку видео објавено на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести