Рома не успеа да запише планира три бода на стартот на сезоната во Серија А, дома одигра само 2-2 против Салернитана.
Двата гола за Рома ги даде Андреа Белоти, а двоен стрелец за гостите беше некогашниот член на Лацио, Антонио Кандрева. Белоти беше без лигашки гол од мај 2022, имаше низа од 34 меча по ред без гол, а 36-годишниот Кандрева првпат после седум години даде два гола на еден меч.
На клупата на Рома беше легендата Бруно Конти, затоа што Жозе Мурињо е суспендиран.
Ова е супер голот на Кандрева за 1-2:
WHAT A GOAL BY ANTONIO CANDREVA!! #RomaSalernitana
— Reyi (@Reinaldodcg9) August 20, 2023