Ел Класико носи титула во Шпанија, сега се игра на минус поени

3530 Белшина – Енергетик БГУ (Белорусија, 17 часот)

Белшина и Енергетик во последно време играат многу ефикасни меѓусебни дуели и на три од последните пет имаше четири и повеќе голови.

На последниот меч што се играше преклани, Енергетик како гостин ја декласира Белшина со 5:1, а и сега е фаворит и е во многу подобра форма.

Тимот од Минск моментно е на второто место со еден бод помалку од лидерот и главен фаворит за титулата, БАТЕ Борисов.

Белшина има двојно помалку бодови, односно 11 од Енергетик и ќе се обиде да приреди подвиг, а ние типуваме дека пак ќе се игра ефикасно и со најмалку четири гола.

Предлог тип: 4+ (2.05)

 

3531 Витебск – Торпедо Жодино (Белорусија, 19 часот)

И двете екипи се блиску до зоната за испаѓање, но засега се држат над неа и ова ќе биде дерби на долниот дел на табелата.

Само екипата на Дњепар Могилев со 20 примени гола и фенерџијата Динамо Брест со 18 погодоци имаат полоша одбрана од Витебск со 17 и Торпедо Жодино со 15.

Нападот и на двата ривали функционира скромно, па овде мириса на реми на две екипи што се со израмнет квалитет.

Предлог тип: Х (3.20)

 

1276 Дери сити – Дрогеда јунајтед (Република Ирска, 20.45 часот)

Дери сити е во многу лоша форма и со шест меча без победа го загуби чекорот во битката за врвот.

Дери сити долго чека титула, од 1997 година, кога по вторпат и последен беше шампион на Република Ирска, а и сега со слабите настапи во последно време загуби шанса да се вклучи во битката за пехарот во домашното првенство.

Моментно се на третото место со 33 бода, но мора да почнат да победуваат за да останат на позицијата што води во Конференциската лига на УЕФА.

Дрогеда јунајтед е скромна екипа и е на осмото место во конкуренција на 10 екипи, но засега не се загрозени бидејќи имаат 9 бода предност пред Фин Харпс и 11 од УЦ Даблин.

Гостите можат да играат порелаксирано, а Дери сити има императив да прекине незгодна серија од 6 меча без триумф и типуваме дека ќе успее со најмалку два гола во мрежата на Дрогеда јунајтед.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.52)

 

8335 Олимпијакос – Панатинаикос (Грција, финале, 20 часот)

Олимпијакос е пресилен за вечниот ривал Панатинаикос, води со 2:0 во финалето за титулата во Грција и ако победи и вечерва, ќе биде шампион.

Црвено-белите имаат шест победи по ред против Панатинаикос, серија што е многу незгодна за вториот грчки гигант, кој всушност е број еден според бројот на титули, и тоа убедливо.

Пао има 39 титули и низа од пет по ред шампионски круни, но сега на повидок е прекин на серијата и 13-та титула за Олимпијакос.

Ако Панатинаикос сака да се врати во игра, според мислењето на кошаркарските експерти, треба да одигра многу подобро во одбраната.

Олимпијакос им дозволи на двата меча вкупно да постигнат 133 поени, или 66,5 по натпревар, што навестува нов меч со минус поени, а типуваме дека ќе биде зачинет со победа и титула за црвено-белите од Атина.

Предлог тип: 1<153.5 поени (2.35)

 

8141 Реал Мадрид – Барселона (Шпанија, финале, 21 часот)

Ова може да биде и клучен меч за титулата, иако моментно е 1:1, а се игра до три победи.

Голема предност ќе има тимот што ќе поведе со 2:1, пред сè на психолошки план, а товарот ќе биде поголем за поразената екипа, која потоа не смее да доживее неуспех во следните два дуели за да ја освои титулата.

Реал направи брејк, што е многу значаен, и поведе со 1:0, а ја победи Барса и во полуфиналето на фајналфор-турнирот во Евролигата, иако потоа загуби од Анадолу Ефес во финалето.

Кошаркарското Ел Класико во последно време понуди супер атрактивни дуели, голем дел од нив со многу поени, но сега типуваме дека ќе има помалку од 160 поени поради големата важност на мечот.

Предлог тип: <159.5 поени (1.57)

 

- Оглас -

Најнови вести