Беневенто го победи Јуве и на седум кола до крајот обезбеди враќање во Серија А

Со победата над Јуве Стабија од 1-0, екипата на Беневенто си обезбеди пласман во Серија А дури на седум кола до крајот на сезоната бидејќи има феноменални 24 бода плус пред вториот Кротоне и третата Читадела. Ваква доминација во италијанската втора лига имал само уште Асколи пред 42 години.

Тимот чиј тренер е некогашниот славен голгетер Филипо Инѕаги се враќа во Серија А по пауза од две години. На популарните Вештерки им требаше бод, но тие го победија Јуве Стабија иако од 24-тата минута играа со човек помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести