2044 Бенфика – Динамо Киев (21 часот, квалификации ЛШ)
Бенфика со една нога е во групната фаза, па во следните 90 минути гигантот од Лисабон треба да ја заврши работата против Динамо од Киев откако првиот дуел го доби со 2-0.
Редовно имало победник во дуелите на овие две екипи, почнувајќи од 1991 година и минималниот триумф на Динамо, што беше прв и последен во вкупно седум меча против Орлите од Лисабон. Во останатите, Бенфика се радуваше на пет победи, во кои само еднаш не успеа да постигне повеќе од еден гол, а се памети и реми со празни мрежи.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.07)
6829 Викторија П’лзењ – Карабах (21 часот, квалификации ЛШ)
Неизвесно ќе биде и на „Дусан арената“, исто како во првиот меч во кој мрежите мируваа. Сепак, домаќините ја имаат фаворитската улога и се очекува да биде оправдана, но Лигата на шампионите, односно нејзините квалификации, се период во кој често има изненадувања.
Овие две екипи се сретнаа во квалификациска фаза и во 2016 година, двапати ремизираа, со 0-0 и 1-1 во реваншот, по што П’лзењ со гол на гости продолжи понатаму. Сега нема таков услов, мора да има победник, дали во 90, 120 минути или по пенал-рулет.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.02)
6830 Црвена ѕвезда – Макаби Хаифа (21 часот, квалификации ЛШ)
Возбудливо беше во Хаифа со два пресврти и голеада од 3-2 во корист на Макаби, па нешто слично се очекува и вечерва во Белград. Ѕвезда посакува нов пласман во групите во ЛШ, додека Макаби сонува да го прекине постот од 12 години без пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Поразот минатата среда беше прв за Црвено-белите откако им почна натпреварувачката сезона, пред тоа наредија шест убедливи победи, што во српското првенство, што во квалификациите, а на „Рајко Митиќ“ тимот на Дејан Станковиќ уште нема примено гол. Макаби има скор 1-1 од гостувањата во квалификациите, пораз од Аполон и големото изненадување од 4-0 над Олимпијакос.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.22)
6045 АПОЕЛ – Ѓургарден (18 часот, квалификации ЛК)
Навидум лесна задача за гостите, но резултатот од 3-0 иако засега гарантира пласман во групите од Лигата на конференции, Ѓургарден мора во следните 90 минути да ја сочува предноста.
АПОЕЛ не е во добра форма, нема победено два меча во низа, додека Ѓургарден е во серија од 15 меча во сите натпреварувања без негативен резултат, па затоа не му се даваат многу шанси на тимот од Никозија.
Треба да се потенцира дека Ѓургарден претходно ги доби двете гостувања кои ги играше во рамките на европските квалификации, со 2-1 против Риека и 3-1 против Сепси.
Предлог тип: X Кога било (1.75)
1120 Шрусбери – Барнли (20:30 часот, Лига Куп на Англија)
Почнати се возбудувањата во англискиот Лига куп, каде што вечерва Барнли на Дарко Чурлинов гостува кај послабиот нисколигаш Шрусбери со очекувања дека македонскиот репрезентативец првпат ќе добие шанса да биде стартер во составот на Винсан Компани.
Македонецот изминатиов викенд дебитираше за новиот тим, но наместо да се радува на триумф, влезе како замена против Блекпул при резултат од 3-1, за на крајот да се задоволи со реми.
Никогаш претходно овие две екипи не се сретнале во куповите, претходно летово одиграа пријателска во која Барнли славеше со лесни 3-1, а сличен резултат може да се очекува и вечерва.
Предлог тип: 2 (1.83)