21.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Бенфика го отпушти тренерот, Жозе Мурињо се враќа во Лисабон по 25 години?!

Раководството на Бенфика одлучи да го отпушти тренерот Бруно Лаге откако клубот од Лисабон испушти водство од 2-0 и загуби од Карабах со 3-2 на стартот на Лигата на шампионите.

Лаге беше на клупата на Бенфика од септември 2024 година и на 66 меча успеа да забележи 49 победи, но поразот од претставникот на Азербејџан му пресуди.

Сега се очекува раководството предводено од Руи Коста да назначи нов тренер, а прв фаворит, според португалските медиуми, е Жозе Мурињо, кој е без клуб по разделбата со Фенербахче.

Мурињо својата тренерска кариера ја започна токму во Бенфика и тоа во 2000 година.

- Оглас -

Најнови вести