Бенфика и Бриж одат во осминафинале, а и Баерн се протна во последен миг (Видео)

Бенфика, Клуб Бриж и Баерн Минхен успеаја да изборат пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите преку плејоф-рундата. Беше неверојатно возбудливо на сите три натпревари.

Бенфика и Монако одиграа 3-3 во Лисабон, голови паѓаа како на филмска лента. Актуркоглу донесе водство за Бенфика, а Минамино израмни во 32-рата минута. Бен Сегир се погрижи за предност за Монако, а Павлидис потоа израмни од пенал. Иленикена повторно донесе водство за Монако, но Кокчу погоди за 3-3, што беше доволно за Бенфика да се пласира во осминафиналето поради триумфот од 0-1 на првиот меч во Франција.

Клуб Бриж за едно полувреме ја нокаутира Аталанта во Бергамо, стигнувајќи до 0-3. Двоен стрелец беше Талби, а погоди и Жутгла.

Во второто полувреме Лукман намали во 46-тата минута, но потоа и не реализира пенал откако Мињоле го одбрани неговиот удар од белата точка во 61-вата минута.

Баерн Минхен во последен миг стигна до реми (1-1) против Селтик на „Алијанц арената“, што му овозможи да се пласира во осминафиналето поради триумфот на првиот меч (1-2) во Шкотска.

Алфонсо Дејвис постигна гол во 94-тата минута, откако Николас Кун донесе водство за Селтик во 63-тата минута.

Претходно, Феенорд го елиминира Милан, играјќи 1-1 на „Сан Сиро“, по триумфот од 1-0 во Холандија.

- Оглас -

Најнови вести