Бенфика и Порто во финалето на Купот, продолжување на традиција или двојна круна?

Најтрофејните португалски клубови, ривалите Бенфика и Порто вечерва во Коимбра со почеток во 21.45 часот го почнуваат меѓусебното финалето на Купот на Португалија. Во првенството, сезонава подобар беше Порто, кој ја освои титулата, но историјатот на финалињата во купот, е на страна на Орлите од Лисабон.

Според квотите во Sport Life, фаворит е Порто за чија победа коефициентот е помал отколку за нерешено или за победа на Бенфика. Кога се игра ваков меч, чест одлучува мотивацијата, а таа веројатно нема да недостасува ни кај едните, ни кај другите.

Порто посакува сезонава да ја комплетира со двојна круна, а за Бенфика пехар од купот би било утеха и ублажување на болката за загубената титула во лигата. Бенфика после 20 кола во шампионатот, имаше седум бода предност, но со серија киксови и освоени само 22 од можни 36 бода во наредните 12 рунди, му дозволи на Порто да им ја „украде“ титулата.

Во последните десет години, двата тима имаат по пет титули, во последнните 40 години само трипати првак на Португалија не беше Бенфика или Порто, па затоа и чуди што во финале на купот се среќаваат само вторпат во последните 20 години (во 2004, Бенфика го победи Порто кој тогаш беше шампион во првенството).

Ова е прво финале помеѓу ривалите кое нема да се игра во Лисабон или Порто. Порто од 2011 нема освоено својна круна, никогаш не добил финале против Бенфика во година во која бил првак, а Бенфика често (14 пати) го освојувала купот во сезоните во кои не била првак на својата земја.

Од друга страна, Порто доби пет, а загуби само два од последните десет меча против Бенфика во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести