Бенфика и со играч повеќе фатена во Змејското гнездо – Порто ја освои двојната круна (Видео)

Порто ја потврди доминацијата во Португалија во најчудната сезона во последните години и вечерва со победа од 2:1 против Бенфика во финалето во Коимбра го освои пехарот во купот.

Избраниците на Серџо Консеисао приредија вистински подвиг, бидејќи головите за победа и за двојна круна ги постигнаа со играч помалку на теренот.

Во 38. минута втор жолт картон и автоматско исклучување доби Луис Дијас, а веднаш потоа и тренерот Консеисао доби црвен картон.

Сепак и со десетмина на терен популарните Змаеви постигнаа два гола, а двоен стрелец беше Шансел Мбемба во 47. и во 59. минута.

https://twitter.com/ogoalfc/status/1289667226602151936?s=20

Потоа Порто умешно ја чуваше предноста, а Бенфика успеа само да намали на 1:2 со гол од пенал во 84. минута што го постигна Карлос Винисиус во 84. минута.

https://twitter.com/ogoalfc/status/1289669319224250370?s=20

Претходно Порто ја освои и шампионската круна во првенството, 29-ти во клупската колекција. Сега имаат и место за нов пехар, број 17 во националниот куп на Португалија.

Со него се израмнија со Спортинг на второто место, зад Бенфика која е рекордер со 26 титули во купот.

- Оглас -

Најнови вести