Бенфика и со украинско фудбалско оружје „ќе пука“ по Динамо Киев

6718 Карабах – Викторија П’лзењ (18.45 часот)

Азербејџанскиот тим ги елиминира полски Лех, швајцарски Цирих и унгарскиот Ференцварош во претходните три рунди и покажа дека заслужено е на чекор од пласман во ЛШ. Викторија П’лзењ едно коло одмораше, а потоа ги совлада финскиот ХЈК и молдавскиот Шериф. Карабах е благ фаворит, но и Викторија е опасен гостин кој има искуство како е да се биде во групната фаза во елитното натпреварување.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.14)

 

6719 Макаби Хаифа – Црвена ѕвезда (21.00 часот)

Квотите за конечен тип се многу блиску, што покажува дека станува збор за дуел на две изедначени екипи. Макаби во минатото коло против кипарскиот Аполон покажа дека е многу незгоден домаќин. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на овие клубови. Белградските Црвено-бели на убедлив начин го елиминираа Пјуник во претходната рунда, но овојпат би можеле и да примат гол, освен што ги постигнале.

Предлог тип: ГГ (1.87)

 

6720 Динамо Киев – Бенфика (21.00 часот)

Тука Бенфика е фаворит во двомечот со Украинците, но прашање е дали гостите уште на првата средба ќе покажат дека се подобри. Динамо на патот до пресметка со Бенфика ги елиминира Фенербахче и Штурм. Дополнителен хендикеп за Динамо е што овој меч како домаќини не го играат во својата земја, туку во Полска. Еден од најдобрите играчи на Бенфика е Украинецот Јаремчук, кој е дете на Динамо Киев.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

1020 Шефилд јунајтед – Сандерленд (21.00 часот)

Шефилд во првите три кола од англискиот Чемпионшип имаше по една победа, пораз и реми, додека Сандерленд тргна со две нерешени и една победа, уште нема пораз. Сите три меча на Сандерленд беа со голови на двете страни, со обложувачки речник, Гол-Гол. Сандерленд и пред една недела гостуваше во Шефилд, но кај Вензди во ЕФЛ купот, и загуби. Кога овие два тима играле во Шефилд, цели 26 години не било нерешено, па ќе ја следиме традицијата и ќе му дадеме предност на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

1021 ВБА – Кардиф (21.00 часот)

И Вест бромич и Кардиф во првите три кола постигнаа по три гола, но Кардиф има 6, а ВБА само два бода. Трите меча на ВБА беа со 2-3 гола, додека Велшаните дома победуваа со по 1-0, а на гостувањето беа поразени со 1-2. Квотите го фаворизираат домаќинот, но и нерешено не би било изненадување. Во минатата сезона кога овие два тима се сретнаа во Бирмингам, дуелот заврши со нерешени 1-1, а пред тоа трипати по ред играа голеади со по шест погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

- Оглас -

Најнови вести