Бенфика ја растури Санта Клара и ја освои шампионската титула во Португалија

Бенфика е нов шампион на Португалија по победата над Санта Клара од 4-1 во последното, 34-то коло во Примера лига. Гигантот од Лисабон водеше тесна битка со досегашниот првак Порто, кој славеше во дербито против Спортинг Лисабон со 2-1, меѓутоа остана разликата од два бода во корист на „орлите“.

За 37-та титула во клупската историја, погодуваа Сеферовиќ (16‘, 56‘), младата сензација Жоао Феликс и Силва. Почесниот гол за Санта Клара е дело на Цезар во 59-тата минута.

Во исто време се играше и на „Драгао“, а Порто славеше победа над ривалот Спортинг Лисабон со 2-1. Гостите од 17-тата минута играа со фудбалер помалку откако Борха доби директен црвен картон, но и без него поведоа со 1-0 во 61-та минута преку Фелипе.

Переира и Ерера беа виновници за пресвртот остварен за помалку од десетина минути, а и тие останаа со 10 играчи на теренот по црвениот картон кој го заработи Корона.

https://twitter.com/SLBenfica/status/1129831901055860737

- Оглас -

Најнови вести