21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Бенфика ќе се радува на дербито против Брага

1536 Брага – Бенфика (Примера лига Португалија, 21:15 часот)

Клупските активности полека се враќаат во полн ек по репрезентативната пауза, а од денешните натпревари, прв за играње го издвојуваме дербито во Португалија.

Иако Брага нè e ривал од типот на Порто или Спортинг, во последната декада константно е зад нив, а неретко знае и да заврши и во топ 3.

Бенфика во моментов е третопласирана со 61 бод, додека Порто ита кон титулата со 73 бода, а второто место го држи Спортинг (67 бода) кој исто така ќе оди директно во Лигата на шампионите, дококу редоследот остане вака. Затоа победа е единствената опција за Бенфика на овој меч.

Предлог тип: 2 (2.30)

1801 Унион Берлин – Келн (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Со овој натпревар од Германија се отвораат активностите во топ 5 лигите.

Тимот од претстолнината на последните пет средби на домашен терен против Келн во три наврати му дава по два погодоци, па такво нешто очекуваме и вечерва.

Ондреј Дуда ќе отсуствува за гостите и тоа ќе биде нивни голем хендикеп бидејќи и двата тима се борат за излес во Лигата на Европа, но понесени од атмосферата, Унион пред своите навивачи ќе даде најмалце два гола.

Предлог тип: Т12+ (2.23)

1641 Нац Бреда – Јонс Ајакс (Ерстедивисије Холандија, 20:00 часот)

Јасно е дека вториот тим на Ајакс, слично како и првиот е најдобро да се игра на голови. на последните пет гостувања, резервите на великанот играат во просек од по 3.8 голови по меч.

Нешто слично е и ако се погледне и блиската меѓусебна историја кога тимот од Бреда бил домаќин се одиграле четири средби, а тие се во просек од 4.25 голови по меч, па затоа тука и немаме дилеми при типувањето.

Предлог тип: 4+ (1.97)-

1811 Динамо Дрезден – Шалке 04 (Бундеслига 2 Германија, 18:30 часот)

Великанот за кој што настапува и нашиот Дарко Чурлинов бара враќање во најсилната германска фудбалска лига, а походот кон такво нешто треба да продолжи и денеска.

Шалке 04 е четврттопласиран со 47 бода, еден помалку од Дармштад, додека напред се Сент Паули и Вердер Бремен со по 51, па така целта е јасна, иако Динамо е незгоден на домашемн терен и многу често игра нерешено.

Сепак гостите мора да одат на триумф против тимот од долниот дел од табелата и да бараат бодови кои што се злато вредни за нив, во меч во кој што нема да видиме голем број на погодоци.

Предлог тип: 2&0-3 (2.90)

1011 Хул – Хадерсфилд (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Лоша е серијата на Хул пред своите навивачи и истата изнесува пет едноподруго порази, со што тимот е во долниот дел од табелата, но реално е дека нема да има проблеми за опстанок.

Од друга страна, Хадерсфилд е во мини криза од која што мора да излезе ако сака да продолжи да се бори за директен влез во Премиер лигата, односно да остане во плеј-оф позиција.

Гостите во моментов се под број четири со 63 бода и ги дели шерт бода од второто место, но и четири од излегување од горниот дел од табелата, затоа вечерва не смеат да загубат.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.84)

- Оглас -

Најнови вести