Бенфика му врачи отказ на Руи Виторија

Бенфика го отпушти Руи Виторија откако клубот вчера претрпе изнененадувачки пораз од Портимоненсе (2-0) во португалската прва лига. Тој пораз беше вкупно трети сезонава за Бенфика во португалскиот шампионат, кој воедно му создаде големи проблеми во трката за титулата.

Четириесет и осумгодишниот стратег беше на чело на стручниот штаб на клубот од 2015 година. Во два наврати успеа да ја освои шампионската титула, а по еднаш ги освои трофеите во Лига купот и Купот на Португалија.

Раководството одлучи дека е време за промена на кормилото, а во следниот период тренер на екипата ќе биде Бруно Лаже, човекот кој работи со тимот Б на Бенфика.

По 15 натпревари во португалското првенство, Бенфика се наоѓа на четвртата позиција со 32 бода, а ќе има девет бода помалку од лидерот Порто ако вечерва „змејовите“ триумфираат против Авес.

 

- Оглас -

Најнови вести