Бенфика не успеа со Кавани, па сега го посакува двократниот англиски првак

Бенфика пред почетокот на актуелната сезона беше меѓу главните кандидати за потписот на Единсон Кавани, искусниот напаѓач кој како слободен играч прифати да го облече дресот на Манчестер јунајтед. Орлите му нудеа рекордна плата на Уругваецот, меѓутоа шансата да игра во Премиер лигата не сакаше да ја пропушти, па португалскиот гигант остана со празни раце.

Во меѓувреме, пред Бенфика се појави нова прилика да ангажира врвен голгетер во Диего Коста, кој од почетокот на јануари е без клуб откако ја раскина соработката со Атлетико Мадрид. Понудата која стигна до Бразилецот со шпански пасош е три милиони евра годишна плата и бонус од три милиони евра при потпис на соработката.

Иако Коста одамна не е во претпознатлива форма и го загуби местото во тимот на Диего Симеоне, двократниот анлиски првак и тоа како може да ѝ помогне на Бенфика да се врати на врвот во Португалија, кој сезонава, по сите изгледи, ќе му припадне на Спортинг Лисабон.

Коста со Челзи двапати беше шампион во Премиер лигата во сезоните 2014/15 и 2016/17, а памети и шампионска титула со Атлетико Мадрид во сезоната 2013/14.

- Оглас -

Најнови вести