-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Бенфика остана без финале во Лига купот, па Мурињо распали: „Ова е ужас!“

Бенфика неочекувано загуби во полуфиналето од португалскиот Лига куп на доашен терен од Брага (1-3) и остана без финале во ова натпреварување, а Жозе Мурињо по мечот не штедеше зборови за да ја искритикува играта на својата екипа.

„Ѝ се извинувам на Брага. Бенфика заслужи пораз. Многу негативни работи, ужас, лош посед, катастрофа – тоа е описот на нашата игра. Моите фудбалери сакаат да го променат резултатот, сакаат да го променат текот на играта, а правиме грешки во одбрана. Не разбирам. Ужасно, изгледаат како првпат да играат фудбал. Постојат работи кои можам да ги кажам само приватно, позади затворени врати. Водев разговор, кој на крајот се претвори во монолог. Имаше апсолутно неприфатлив индивидуален настап, а на крајот се се сведува на колективот.“ – рече лутиот Жозе Мурињо.

На Бенфика не ѝ оди според планот и во првенството, бидејќи во моментов е на третата позиција со заостанување од 10 бода позади Порто.

- Оглас -

Најнови вести