23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Бенфика се договори со Жоао Феликс

Португалскиот напаѓач на Челзи, Жоао Феликс, постигнал начелен договор со Бенфика за враќање во клубот, објавија португалските медиуми.

Агентот Жорже Мендеш активно работи на тоа трансферот да се реализира. Откако биле усогласени личните услови со играчот, Бенфика сега е во разговори со Челзи за да се договори за финалните детали од зделката.

Феликс беше дел од Бенфика од 2015 до 2019 година, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид за рекордни 127,5 милиони евра. Сепак, не успеа да се наметне во шпанскиот клуб.


Во втората половина од минатата сезона играше за Милан, каде во 15 натпревари во Серија А постигна два гола. Сепак, тој е под договор со англискиот премиерлигаш Челзи.

- Оглас -

Најнови вести