Дури 53 минути му беа потребни на тимот на Бенфика да го постигне првиот гол на дуелот со новозеландски Окленд сити на Светското клупско првенство.
Првакот на Океанија прими 10 гола во првото коло против Баерн Минхен, но денеска добро се држи благодарение на голманот Нејтан Гароу. Бенфика голот за минимално водство на полувреме го постигна од пенал (реализатор беше Анхел Ди Марија) во осмата минта од судиското продолжение.
Бенфика имаше 18 шута од кои 8 во рамки на голот, но води само со 1-0. За споредба, Баерн од 30 шута даде 10 гола против истиот противник.