Бенфика се спаси од пораз, Мурињо доби црвен картон (Видео)

Дерби во права смисла на зборот одиграа португалските ривали, Бенфика и Порто, на „Естадио да Луж“. На мечот имаше од се по нешто, навивачки нереди, прекини, четири гола, но и црвен картон за Жозе Мурињо.

Мечот траеше преку 100 минути, ако ги рачунаме и продолженијата на првиот и вториот дел. Првото полувреме беше прекинато само што започна, бидејќи немаше услови за игра поради запалените факели од домашните навивачи.

Сепак, брзо следуваше шок. Порто не само што поведе, туку дојде и до водство од 0-2, а Бенфика се спасуваше од пораз во финишот од мечот. По голот на Бареиро за 2-2 во 89-тата минута, настана мешаница кај клупите на двете екипи, па Жозе Мурињо и Николас Отаменди без исклучени.

Порто останува лидер со 66 поени, четири повеќе од Спортинг Лисабон. Бенфика е трета со 59 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести