Бенфика си поигрува со Јувентус, Старата дама прими гол и со „штикла“, гол-шоу на Меси, Мбапе и Нејмар (Видео)

Бенфика има одлична предност од 3:1 против Јувентус по првото полувреме на дуелот во Лисабон. Португалскиот тим доволно е да не задуби за да обезбеди место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, што значи дека во вториот дел треба да се случи чудо за италијанскиот тим да остане со шанси да презими во елитното друштво.

Силва ја отври серијата од четири гола во Лисабон, а Влаховиќ израмни на 1:1. Бенфика брзо се врати во водство со погодокот на Жоао Марио од пенал во 27-мата минута, а најдобриот погодок беше постигнат во 35-тата минута, кога Рафа Силва погоди со „штикла“. Овој прекрасен погодок на Рафа Силва може да го видите ТУКА.

Најефикасно по првиот дел беше во Париз, каде што ПСЖ со 4:1 води против Макаби Хаифа. Лионел Меси даде два гола, а по еднаш погодија и Килијан Мбапе и Нејмар.

Со ГГ3+ по првиот дел е и во Германија, каде што Лајпциг има предност од 2:1 против Реал Мадрид. Милан има минимална предност на гости кај Динамо во Загреб, а Селтик на свој терен со 1:0 го води Шахтар. Единствено голови нема на дербито во Дротмунд меѓу Борусија и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести