Реал Мадрид денеска го претстави новото засилување, левиот бек Алваро Карерас. Карерас во Реал ќе носи дрес со бројот 18, кој минатата сезона го имаше Хесус Ваљехо, дефанзивецот кој си замина од Кралскиот клуб.
Инаку, Карерас во минатото беше член на Реал, но не играше за Кралскиот клуб и отиде во Манчестер јунајтед. Карерас не играше ни за Јунајтед. Од 2017 до 2024 тој беше член на овие два гиганти, кои не му дадоа шанса. Но, тогаш се појави Бенфика, во која играше една и пол година и таму цената му порасна драстично.
Летово Бенфика го продаде Карерас во Реал за 50 милиони, што е одлична продажба за играч кој во кариерата одиграл скромни 68 меча, од кои само 10 во Лигата на шампионите, а не е ни шпански репрезентативец.