Малите орли со остри канџи за Ајакс – Бенфика оди по трета среќа во финале на ЛШ (Видео)

Талентите на Бенфика ќе играат ново финале во јуниорската Лига на шампиони, откако денеска го победија Ајакс со 3:0. Португалците беа поквалитетни и поефикасни и со головите на Араухо, Ембало Дантас од пенал го декласираа познатиот холандски тим.

SL Benfica [1]-0 Ajax – T. Araujo 42′ (great goal) UEFA Youth League from soccer

Малите орли од Лисабон ќе имаат шанса повторно да се обидат да го освојат пехарот што им побегна со порази во финалињата во 2014 од Барселона и три години подоцна по неуспехот против Салцбург, кој ги порази со 2:1.

SL Benfica 2 – 0 Ajax – Umaro Embaló (UEFA Youth League Semi Final) from soccer

Ако австрискиот тим вечерва од 18 часот го победи Реал Мадрид во второто полуфинале, тогаш ќе има реприза од финалниот меч од пред три години, кога Салцбург приреди невидена сензација и од квалификациите стаса до пехарот, а на патот до успехот го елиминира и нашиот претставник Вардар.

SL Benfica 3 – 0 Ajax – Tiago Dantas penalty (UEFA Youth League) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести