23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Во Африка се игра цврсто, нема да биде изненадување тикет со четири нули

5709 Бенин – ДР Конго (Квалификации за СП, 15 часот)

Двете главни ѕвезди на Бенин, Стив Муние и Чебие Соуку се напаѓачи, а токму по нивната акција беше победен Мадагаскар во првото коло од квалификациите за настап на Мундијалот.

Поголемиот дел од репрезентативците на Бенин играат во Франција, и тоа во пониските лиги, освен Муние, кој е член на прволигашот Брест. Соуку игра за бундеслигашот Арминија и тоа дуо пак ќе биде движечката сила на домаќините во обид да се победи гостинот кој има поголемо реноме во светот на фудбалот.

Демократска Република Конго има еден настап на Мундијалите, а Бенин ниту еден. Гостите имаат и попознати играчи. Мбемба игра за Порто, Нсакала за Бешикташ, Тисеран за Фенербахче, Луиндама за Галатасарај, Мулека за Стандард Лиеж, што им дава предност.

Сепак, Бенин е цврста репрезентација и се чини дека ремито е најреален резултат.

Предлог тип: Х (2.95)

 

5716 Уганда – Мали (Квалификации за СП, 15 часот)

Уганда никогаш не ја победила селекцијата на Мали, а ова ќе им биде петти меѓусебен меч. Мали двапати победи, а два дуели завршија нерешено.

Последен пат играа на Африканскиот куп на нациите во 2017 година и мечот заврши нерешено, 1:1. Ниту Уганда, ниту Мали немаат настап на Светско првенство, па ова е нов обид за историски пласман на Мундијал.

Мали победи на премиерата во Е групата против Кенија на домашен терен, а Уганда одигра без голови на гостувањето кај истата селекција.

Мустафа Киза, кој игра за Монтреал во МЛС-лигата е главна ѕвезда кај домаќинот, додека Мали има доста познати интернационалци што ги предводи триото Амаду Хајдара од Лајпциг, Муса Џенепо, кој игра за Саутхемптон, и Адама Траоре од Шериф Тираспол.

Во Кампала на стадионот „Нелсон Мендела“ тешко се победува и Уганда има само два порази со едно реми и 8 победи во последните натпревари на домашен терен, па ќе типуваме на ново реми во африканските квалификации за настап на Мундијалот во Катар.

Предлог тип: Х (2.85)

 

1027 Болтон – Бартон (Лига 1, Англија, 16 часот)

Болтон има многу поголем рејтинг од Бартон, а во првата деценија од овој милениум играа и во еврокуповите. Меѓу нив, популарните Тротерс го имаа и скопскиот Работнички за ривал, во една успешна ера за клубот кога од клупата ги предводеше големиот маг Сем Алардајс.

Но, тоа е далечно минато и во последните неколку години Болтон биеше битка за опстанок на клубот, а го тресеше голема финансиска криза. Клубот со 147-годишна фудбалска традиција сега игра во Лига 1, што е трета по ранг во Англија и очекува консолидација, па атак на повисок ранг.

Бартон има многу поскромна фудбалска приказна што почна по Втората светска војна и најголем дострел им е настапот во Чемпионшип лигата.

Гостите го почнаа првенството малку подобро и по пет кола имаат 10 бода, а Болтон освои 8, што не е лош ефект и за двете екипи.

Лани одиграа два ефикасни дуели со вкупно 11 голови, па очекуваме нов ефикасен меч меѓу Болтон и Бартон.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

5711 Јужна Африка – Гана (Квалификации за СП, 18 часот)

На четири од последните шест меѓусебни дуели Јужна Африка и Гана одиграа нерешено. Двете селекции се меѓу подобрите на африканскиот континент.

И двете репрезентации по трипати имаат играно на Мундијалите, а Јужна Африка дури беше и домаќин на Светско првенство во 2010 година.

Популарната Бафана има репрезентативци што претежно играат во домашната лига, а составот на Гана е преполн со интернационалци, но тоа во овој случај им зададе и проблеми. Неколку репрезентативци што играат во Англија не допатуваа во Јоханесбург.

Меѓу нив се Џордан Ају од Кристал палас, потоа и Томас Парти од Арсенал и Даниел Амартеј од Лестер, што е голем хендикеп за популарните Црни ѕвезди.

Во нивно отсуство, Мубарак Вакасо е главниот адут на Гана, а токму поранешниот играч на Вилјареал, Селтик, Панатинаикос, Гранада… го постигна победничкиот гол против Етиопија во премиерниот меч од Г групата.

Вкупниот биланс е по четири победи на двете селекции и шест нерешени во меѓусебните дуели, па ќе типуваме дека пак ќе има реми во Јоханесбург.

Предлог тип: Х (2.90)

 

5712 Брегот на Слоновата Коска – Камерун (Квалификации за СП, 21 часот)

Јубилејниот 20-ти меѓусебен дуел на двата африкански гиганти ќе биде дербито на втората рунда во квалификациите за Мундијалот во Катар.

И во двата состави има многу познати ѕвезди, па групата Д ќе значи дека една од двете фудбалски велесили нема да играат на СП.

Домаќините ќе ги предводат ѕвездите Кеси, Градел, Дие…, додека за Камерун, кој има страшен напад, лидери на теренот ќе бидат Екамби, Чупо-Мотинг, Абубакар, Нгамалеу..

Досега Брегот на Слоновата Коска има девет победи, една повеќе од Камерун, а само два меча завршиле нерешено. Влогот на овој меч е огромен, па се очекува тврд меч.

Можеби е посигурно да се одигра на ма број голови, но ние ќе типуваме дека ќе биде нерешено.

Предлог тип: Х (2.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести