Бенитес оди во Сао Пауло да му ја доуништи кариерата на Хамес Родригес

Искусниот шпански тренер Рафаел Бенитес е во преговори со Сао Пауло, а ако се договорат и Рафа седне на клупата на овој голем клуб од Бразил, ќе треба да работи со Колумбиецот Хамес Родригес, со кого се во многу лоши односи.

Родригес е најпознатото име кое во моментов го носи дресот на Сао Пауло и интересно би било да се види како ќе соработува со човекот кој го има тренирано во Реал Мадрид и во Евертон и покажуваше дека нема доверба во него.

Во 2015 година, Колумбиецот воден од Бенитес во Реал Мадрид имаше сезона во која неговиот придонес и форма се намалија. Подоцна, во летото 2021 година, Бенитес требаше да му биде тренер на Хамес во Евертон и пред дебито во лигата му даде до знаење на Родригес дека нема да смета на него, поради што Колумбиецот замина во Ал-Рајан во Катар.

Бенитес, кој во кариерата водел многу големи европски клубови, е без работа откако минатиот месец доби отказ од Селта Виго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести