Французинот Беноа Пер е познат по тоа што тенис игра исклучиво за пари, а не од љубов кон овој спорт, но тоа што го направи на мечот со Камерон Нори на Отвореното првенство на САД, ги премина сите граници, дури и ја доведе во прашање регуларноста на мечот.
Пер си ги спакува работите во торба уште пред да заврши натпреварот кој се играше по спарно време. Британецот победи со 6-0, 7-6, 6-0, а на еден гејм пред крајот, Пер си ги собра работите и беше јасно дека сака да го загуби и последниот гејм.
Пер, кој е 173-ти на АТП-листата, за 98 минути на терен треба да добие 80.000 долари, но организаторите на Отвореното првенство на САД може и да го казнат и да не му ја дадат паричната награда за играње во првото коло.
Нори рече дека можеби на Пер му било претопло и затоа во третиот сет, кој траеше 19 минути (првиот траеше 18 минути), ги крател поените.
Пер рече дека настапот во Њујорк му бил пауза помеѓу два одмори и дека „демоните повторно влегле во неговата глава“. Пер не знае ни на кое место е на АТП-листата, изјави дека е 167-ми, а всушност е 173-ти.