Никлас Бентнер се врати во родната Данска и речиси по деценија и пол пак ќе игра во тамошното првенство, сега за ФК Копенхаген.
Дебитираше како резерва со малку повеќе од 20 минути на терен во дербито против Митјиланд, а навивачите го дочекаа во стил на прекарот што го носи, лордовски.
Бентнер во 2004 година ја напушти Данска, потпиша за англискиот Арсенал, а потоа играше за уште неколку клубови на Островот пред преселбата во Волфсбург во 2014 година. Во Бундеслигата играше две сезони, па пак се врати во Англија како играч на Нотингам форест.
Следна дестинација му беше Норвешка и играше за Розенборг од 2017 година, па по пауза од 15 години, повторно ќе игра во данското првенство.