20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Бензема безмилосно користи подароци, го постигна илјадитиот гол за Реал Мадрид во Лигата на шампионите (Видео)

Карим Бензема ја искористи големата грешка на одбраната на Шахтар Донецк и се запиша во историјата како стрелец на илјадитиот гол за Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/GreatWhiteNueve/status/1455957731119034368?s=20

Бензема беше прецизен на празна мрежа во 14-тата минута и тоа е голот со број 1.000 во Лигата на шампионите за најтрофејниот клуб со 13 шампионски круни.

https://twitter.com/ViniXtra/status/1455958302244941834?s=20

Ниту еден друг клуб ниту приближно не е до илјадарката што вечерва прв ја стигна Реал Мадрид. Зад нив е Баерн Минхен со 768 гола, Барселона со 655, Манчестер јунајтед со 529 и Јувентус како последен во Топ-5 со 468 гола.

По првото полувреме на „Сантијаго Бернабеу“ резултатот е 1:1, а на вториот меч во Милано, Порто води како гостин против Милан со истиот резултат.

Голот го постигна Луис Дијас во шестата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести