Бензема донесе три бода за Реал против Уеска

Реал Мадрид ја совлада Уеска со конечни 3-2 во мечот од 29-тото коло во Ла Лига кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Во вториот натпревар по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, неговата екипа успеа да ги освои трите бода против разиграната Уеска, која во Мадрид дојде да изненади.

„Кралевите“ се најдоа во незавидна ситуација непосредно по стартот на средбата, откако Кучо Ернандес по три минути игра ја затресе мрежата на дебитантот Лука Зидан, кој доби шанса од неговиот татко за првпат да брани за сениорскиот тим на Реал.

Сепак, Иско во 25-тата минута донесе израмнување, а потоа Себалјос најави целосен пресврт во 62-рата минута. Гостите не се предадоа и во 74-тата минута и со голот на Ечеита израмнија на 2-2, а Бензема во последната минута од регуларните 90 погоди за славење на фудбалерите во бели дресови.

Реал со оваа победа остана во трката за втората позиција со Атлетико Мадрид, сега „кралевите“ имаат 57 бода, два помалку од нивниот градски ривал. Уеска веќе подолго време е закопана на дното на табелата само со 22 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести