Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико со минимални 1-0 на емотивната средба која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Пред почетокот на дуелот, цел стадион за последен пат се поздрави со спортската икона Коби Брајант, додека во исчекување на возбудливо дерби се виде само еден погодок.
Двете екипи имаа по неколку прилики во првото полувреме, меѓутоа главните улоги припаднаа на голманите Куртоа и Облак. Кралевите беа поконкретни по стартот на вторите 45 минути, па веќе по десетина минути игра го скршија отпорот на избраниците на Чоло Симеоне. Одлично проработе француската врска Менди – Бензема, а лојалната „деветка“ на домаќините од близу го совлада словенечкиот чувар на мрежата.
По овој меч, бодовната разлика меѓу Реал и Атлетико е 13 бода, со тоа што тимот на Зинедин Зидан се зацврсти на врвот на табелата со 49 бода, додека Јорганџиите имаат 36 бода и се на петтото место.
#1F Así fue el gol del #RealMadrid (Benzema) Real Madrid 1-0 Atletico https://t.co/OiRwwVLCMO
— Sergio O. Quiñones (@sergi_oqc) February 1, 2020