Реал Мадрид покажува дека е во добра форма и без проблеми освои нови три бода на гостувањето кај Еибар, победувајќи со 4:0. Уште во првото полувреме беа решени сите дилеми околу победникот. Карим Бензема даде два гола, а днаш погоди и Серхио Рамос за предност од 3:0 по 45 минути, а во вториот дел со рутинска игра и голот на Валверде стигна до 4:0. Валверде е првиот Уругваец по далечната 1960 година што дава гол за Реал Мадрид.
Освен значењето на голот на Валверде, историски погодок даде и Бензема. Тој стигна до 157 лигашки погодоци во дресот на Реал Мадрид и сега се искачи на петото место на вечната листа во најтрофејниот клуб. Зад Бензема остана легендата Ференц Пушкаш.
Бензема е вистински лидер на Реал сезонава. Французинот даде 11 гола во сите натпреварувања. Освен нападот, Реал сега е многу подобар и во одбраната. На последните пет меча Реал нема примено ниту еден гол, што е прв пат Кралевите под водство на Зидан да ја сочуваат мрежата повеќе од 450 минути.