Бензема е рамо до рамо со Меси, Роналдо и Раул

Карим Бензема е голгетер кој повеќе од една и пол деценија опстојува во врвниот фудбал во Европа. Францускиот интернационалец погоди за Реал во 87-мата минута и најави дека Кралевите нема да загубат на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

На крајот така и се случи. Реал даде и втор погодок во судиското надополнување и освои бод од тешкото гостување во Германија, а Бензема стигна до две интересни постигнувања.

За Бензема ова е 16-та сезона по ред да се запишува во листата на стрелците во Лигата на шампионите, со што им се приклучи на Лионел Меси и Рајан Гигс како единствени со исто вакво постигнување. Французинот четири години играше во дресот на Лион, а дури 12 сезони е во Кралскиот клуб.

Борусија Менхенгладбах е вкупно 30-ти различен клуб на кој Бензема му дава гол во елитното натпреварување на УЕФА. Само тројца играчи претходно постигнувале погодоци против најмалку 30 различни ривали, а тоа се Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Раул.

 

- Оглас -

Најнови вести