Реал Мадрид отпатува за Ливерпул, Англија, каде утревечер ќе гостува на „Енфилд роуд“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Главниот адут на Кралскиот клуб, Карим Бензема повторно е во составот и тој треба да биде прва опција во нападот пред голот на Ливерпул.
Сепак, тренерот на Реал, Карло Анчелоти не е без проблеми во составот. Играчите од средниот ред, Тони Крос и Орилијен Чуамени не се подготвени за утрешниот дуел против Ливерпул.
Ако се знае дека токму на средината на теренот ќе се води главната битка на овие два европски гиганти, јасно е дека ова може да биде голем проблем за шпанскиот гигант, кој сепак е познат по тоа дека секогаш е најдобар кога е најтешко во Лигата на шампиони.
Со утрешниот меч против Ливерпул, за Реал Мадрид започнува можеби најтешкиот распоред во клупската историја затоа што во следните 27 дена треба да одигра седум важни дуели.
📋✅ Our squad for the match 🆚 @LFC!#UCL pic.twitter.com/VwdG1L0B3S
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) February 20, 2023