Бензема е во форма, на шест меча има седум голови (Видео)

Со голот на Карим Бензема кој може да го погледнете тука, Ал-Итихад си го отвори патот до победата од 2-0 на гостувањето кај Ал-Охдуд и се искачи на делба на врвот на табелата во саудиската лига, со пет победи и еден пораз после шест кола.

Ал-Хилал истотака има 15 бодови, но од пет меча.

За искусниот Бензема ова беше седми гол на неговиот шести меч сезонава, само во првото коло не ја затресе мрежата, има низа од пет средби по ред на кои ја тресе мрежата. Французинот е втор стрелец во лигата зад Александар Митровиќ од Ал-Хилал кој има 8 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести