Бензема ги искина мрежите во Лигата на шампионите, на чекор е да го стигне Левандовски

Францускиот репрезентативец Карим Бензема вечерва даде голем придонес во победата над Челзи од 2:0 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите постигнувајќи го првиот гол.

Тоа беше негов 90-ти гол во елитното европско клупско натпреварување и дојде само на еден гол од Роберт Левандовски, кој е трет најдобар стрелец во историјата. Бензема 78 гола даде како играч на Реал Мадрид, а 12 за Олимпик Лион.

На листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите, убедливо води Кристијано Роналдо со 140 постигнати голови. Португалецот дури 105 гола даде како играч на Реал Мадрид, 21 во дресот на Манчестер јунајтед и 14 за Јувентус.

На второто место се наоѓа Лионел Меси со 129 гола, од кои 120 постигна за Барселона, а девет за ПСЖ.

Левандовски е трет на оваа листа со 91 гол, кои ги постигна играјќи за три клуба, Борусија Дортмунд (17), Баерн Минхен (69) и Барселона (5).

На четвртото место на листата на најдобри стрелци се наоѓа Раул со 71 гол, а по него следуваат Руд ван Нистелрој (60), Андриј Шевченко (59), Томас Милер (53), Тиери Анри (51)…

- Оглас -

Најнови вести