Реал Мадрид е единствениот тим во Топ 5 лигите кој има перфектен биланс во новата сезона, победувајќи во сите средби досега, без разлика дали е првенство или Лига на шампиони.
Кралскиот клуб доби лоши вести пред неколку дена, кога беше констатирано дека Лука Модриќ е повреден и ќе мора да мирува. Сега стигнуваат поубави вести за Реал, а тоа е дека во екипата се враќа Карим Бензема.
Францускиот голгетер паузираше речиси еден месец поради повреда, а сега самиот најави дека е подготвен да игра.
„Се чувствувам добро и со нетрпение го чекам следниот дуел. Првпат одработив целосен тренинг. Во последно време многу тренирав, трчав и добив на сила. Дури и кога бев дома, не престанав да тренирам“, рече Бензема, кој додаде дека Реал Мадрид е тим кој треба да победува на секој натпревар.