Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, го стопирал евентуалниот трансфер на Душан Влаховиќ, играчот на Јувентус, на „Сантијаго Бернабеу“, пишува шпанскиот весник „Ел Насионал“.
Според весникот, кога Бензема слушнал дека Влаховиќ во зимскиот преоден рок му бил понуден на Реал Мадрид, сега веќе поранешниот француски репрезентативец на челниците на Кралскиот клуб им се заканил со заминување во ПСЖ доколку го купат напаѓачот на Старата дама.
„Ел Насионал“ тврди дека ова не е првпат Бензема да стопира трансфер на напаѓач во Реал Мадрид бидејќи смета дека така ќе му се загрози статусот на прва ѕвезда во тимот. Имено, тој во минатото ги минирал трансферите и на Единсон Кавани, Един Џеко и на Кристофер Нкунку.