Бензема го постигна еден од најубавите голови во кариерата (Видео)

Карим Бензема беше вистински предводник на теренот во убедливата победа на Ал-Итихад против Ал-Вехда со 7:1, во третото коло на првенството во Саудиска Арабија. По само 100 секунди од почетокот, Бензема ги доведе домаќините во водство од 1:0.

Овој погодок на Бензема беше спектакуларен, со шут од далечина, неодбранливо за гостинскиот голман.

До крајот на првото полувреме Ал-Итихад стигна до водство од 3:1, а во вториот дел Бензема повторно прв погоди за 4:1. Гол-шоуто продолжи, а домаќините немаа милост и ја полнеа мрежата на гостите. Тој што прв даде гол, а тоа беше Бензема, на крајот и последен погоди. Во 89 минута францускиот голгетер со својот трет погодок ја заверши убедливата победа од 7:1.

- Оглас -

Најнови вести