Бензема и бековската врска Марсело – Менди го разиграа осакатениот Реал (видео)

Реал Мадрид рутинирано славеше со 2-0 против Хетафе во заостанатиот лигашки дуел од првото коло во Ла Лига. Кралевите осакатени без голем број првотимци успеаја да ги освојат трите бода и колку-толку да ги вратат надежите во трката за титулата.

За првиот гол се чекаше дури еден час, кога Винисус одлично го пронајде Бензема во шестнаесетникот и му намести на Французинот со глава да ја затресе мрежата на соседите од мадридското предградие.

Седум минути подоцна, проработе бековската врска меѓу Марсело и Менди, а Французинот ја испрати нафрлената топка во опасната зона и ги постави конечните 2-0.

Реал сега има 46 бода по 22 одиграни натпревари, пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид, додека Хетафе го претрпе 10-тиот пораз сезонава и остана на 13-тото место со 24 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести