Аргентинецот Марсело Гаљардо е нов тренер на саудискиот Ал-Итихад, за кого настапуваат ѕвезди како Карим Бензема, Фабињо, Нголо Канте.
Гаљардо кој со Ривер плата правеше чуда, триумфира во аргентинскиот шампионат и во Копа Либертадорес, на клупата на Ал-Итихад ќе го наследи Нуњо Еспирито Санто кој доби отказ по кавгата со Бензема.
„Ќе ја прифатам понудата на Ал-Итихад. Тоа го правам од лични причини. Ме мотивираа со големиот проект и интересната лига. Ова искуство ќе ми го отвори умот, ме мотивира и едвај чекам да почнам со работа“, изјави Гаљардо.