Бензема и Канте вратени во реалноста, Ал Итихад елиминиран во големото саудиско дерби (Видео)

Најпознатиот саудиски фудбалски клб, Ал Хилал, со победата од 3-1 против актуелниот првак на Саудиска Арабија, Ал Итихад, во дуел од Арапскиот клупски куп на шампиони, најавува враќање на врвот во својата земја.

Гол шоуто почна со спорен погодок на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој пред да го натскока Карим Бензема и да даде гол со глава по корнерот на Рубен Диаш, се чини дека направи фаул, но судијата не се огласи. Голот на СМС погледнете го ТУКА. Дебито во дресот на Ал Хилал со гол го круниса Бразилцот Малком кој погоди за 3-1.

При 3-1 за Ал Хилал, првата ѕвезда на Ал Итихад, Бензема, во 78-ма минута не реализираше пенал и веројатно тука згаснаа надежите за позитивен резултат. Во полуфиналето, Ал Хилал ќе игра со саудиски Ал Шабаб или Ал Вахда (клуб од Обединети Арапски Емирати).

- Оглас -

Најнови вести