Бензема и Мбапе со порази ги прославија убавите јубилеи

Карим Бензема веќе неколку сезони е главен адут во Реал Мадрид. Францускиот голгетер, кој ја доби и Златната топка благодарение на блескавите игри во Кралскиот клуб, синоќа прослави убав јубилеј на дербито против Барселона.

Бензема даде гол, но тој беше само за ублажување на поразот од 1:3. Токму тој погодок е јубилеен 400-ти погодок за Французинот во клупската кариера. Како играч на Олимпик Лион, Бензема има дадено 66 гола, а во дресот на Реал Мадрид има вкупно 334 погодоци, па се доаѓа до бројката од 400 погодоци.

За разлика од Бензмеа, кој прослави 400 клупски погодоци, неговиот многу помлад сонародник, Килијан Мбапе, синоќа го одигра 300-тиот дуел во клупската кариера. Мбапе започна во Монако, каде што одигра 60 средби со 27 погодоци, додека во дресот на ПСЖ сега има 240 натпревари и 191 погодок.

Интересно е дека и Мбапе како и Бензема до својот јубилеј во клупската кариера стигна со пораз. ПСЖ загуби на гости кај Рен со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести