Бензема и Реал го елиминираа скапиот тим за којшто велеа дека ќе се прошета до европската титула

Реал Мадрид направи сензационален подвиг и со хет-трик на Карим Бензема, го елиминира Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите.

На 13-кратниот европски првак му беше потребно само половина час да даде три гола и да го елиминира дрим-тимот составен за да биде европски шампион. Бензема е првиот фудбалер во историјата на ЛШ кој дава гол 18 години по ред (од 2005 наваму).

Понатаму оди и Манчестер сити, кој вечерва одигра само 0-0 дома со Спортинг, но Сити ја заврши работата на првиот меч во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести